Основање на Гросист ДООЕЛ Битола
Компанијата започнува како прва приватна дистрибутерска компанија за цигари во Македонија, со јасна ориентација кон професионална теренска продажба.
Дистрибутивна традиција
од над 35 години
Од 1991 година, „Гросист“ е првата приватна компанија за дистрибуција на цигари во Македонија и број 1 потрошувач на цигари на Македонија Табак Скопје. Изградена е на искуство, дисциплина и поштеност.
Основачот Костадин Ставревски од 1971 година беше претставник за Македонија на „Фабрика Дувана“ Сараево, за цигарите Marlboro (Сараевско), Bond, Drina (Сараевска) и други. Започна со еден магацин во Битола и за кратко „Гросист“ стана втор најголем дистрибутер на цигари во земјата после Тутун Скопје. Во 1999 фирмата стана овластен дистрибутер на Филип Морис и Т.К.П, а во 2006 и на А1 за цела југо-западна Македонија.
Денес, под водство на Петар Ставревски, продолжуваме со истиот принцип: директна теренска дистрибуција, редовна посета на продажните објекти и деловни односи градени со децении доверба.
Компанијата започнува како прва приватна дистрибутерска компанија за цигари во Македонија, со јасна ориентација кон професионална теренска продажба.
Магацини во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Ресен и Струмица. Компанијата се позиционира како втор најсилен продавач на цигари во Македонија по Тутун-Скопје.
Се основа „Табак Гросист“ и се зацврстува овластената дистрибуција на Филип Морис и Тутунски комбинат Прилеп за југо-западна Македонија.
Компанијата станува официјален дистрибутер на A1, телекомуникациски провајдер, за југо-западна Македонија. Со ова мрежата се прошири надвор од тутунските производи и ја потврди довербата на водечките брендови.
Директна достава, проширена програма на производи и регионално присуство изградено со децении доверба.
Региони на достава
Директна достава низ четири региони во југо-западна Македонија.
Низ годините застапувавме брендови од најразлични индустрии. Спремни сме да го пласираме и вашиот производ на пазарот.
Започнете соработкаОд 1991 година до денес, без ниту еден ден прекин на теренот. Искуство што за вашиот бренд значи стабилност, доследност и сигурен пласман.
Сопствени возила и посветени теренски тимови што го носат производот директно до секој продажен објект, без посредници и без задоцнувања.
Односи градени со децении доверба значат флексибилно плаќање и услови скроени точно според вашиот бизнис.
Еден партнер за целата југо-западна Македонија. Вашиот бренд застапен со ист висок стандард во секој град и секое продажно место.
Водечки домашни и меѓународни имиња, доставени до секој продажен објект во регионот.